ЗБОГУМ, ЈУГОСЛАВИЈО!

Историја

Пролетта 1992 беше последната од учествата на прилепските спортски екипи во системот-натпрвари на Југославија. Првенствата регуларно, без пропусти, ги завршија ракометарките и ракометарите на Тутунскиот комбинат. Ракометарките завршија на 6-то место од Втората лига – Исток. Ракометарите одиграа уште подобро – преку 22 победи и 4 порази го освоија првото место со кое  стекнаа право да се натпреваруваат во елитната Прва лига. Но, федеративната држава се распадна и првото место беше попусто освоено. Фудбалерите на Победа не го довршија учеството во Третата лига – Исток. Последен пат надвор од Македонија гостуваа на Раднички во Пирот (пораз со 5-1), а потоа не се одигра мечот дома со Косово Поље. Потоа беше ремито во Скопје (2-2) со Македонија ЃП.

По одлуката на Министерството за образование за истапување од сите лиги, не се одигра последниот меч со Брегалница во Штип.

Loading