САМО СЕДУМ ЧАСА СОН ЗА ЗДРАВО СРЦЕ

srce

Лицата кои навечер спијат седум часа имаат за 3,7 години помладо срце од својата биолошка возраст, додека оние што спијат 6 или 8 часа имаат 4,5 години постаро срце отколку што ,,календарски,, би требало да биде.Чудно? Не шест, не осум часа, туку спиење од седум часа!

Вработените одвај успеваат да спијат по шест часа, а многумина дури и помалку. Оние кои спијат по пет или помалку часови се најризични, зошто нивното срце е за петпати постаро отколку што би требало.

Стручнаците предупредува дека недоволниот сон има негативен ефект на кардиоваскуларниот систем. Поврзано е траењето на сонот и ризикот од срцеви заболувања како висок притисок, дијабетес, висок холестерол и дебелеење. Старост на срцето се дефинира како предвидена старост на кардиоваскуларниот систем темелен врз факторите на ризик. Разликата меѓу проценетата старост на срцето и биолошките години на некое лице се нарекува пречекорени срцеви години. Колку таа разлика е поголема, толку е поголем и ризикот од развој на срцеви болести.

На пример, ако 40-годишен маж во зависност од неговите фактор ризици, има проценета старост на срцето од 44 години, пречекорената срцева возраст за него изнесува четири години. Тоа значи дека срцето му е за 4 години постаро отколку што би требало да биде. Концептот на срцеви години служи за поедноставување на ризиците за срцеви заболувања.

Loading