ПРЕПОРАКИ ОД БИЛКАРИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ

koronaЕве неколку ефикасни смеси во битката за заштита од коронавирус препорачани од билкарите.

1.Жалфијата делува антигабично и антибактериско. Одлично ја снижува високата температура, помага кај респираторни проблеми и е билка која може да се користи против секакви вируси. Ефикасна е речиси кај сите болести, од Алцхајмеровата болест до неплодност. Чајот се пие 7 дена со пауза од 2 дена и пак истата постапка. Рецепт: 2 супени лажици се прелеваат со 500 мл зовриена вода. Се остава покриено да отстои 20 минути па се пијат по 2 чаши дневно.

2. Клековите бобинки делуваат антивирусно. Помагаат во уништувањето на секакви вируси и делуваат на респираторните заболувања. Не се препорачуваат за луѓе со воспаление на бубрезите. Рецепт: Се прави тинктура од 50 грама клекови бобинки на 500 мл ракија домашна. Стои 21 ден, се процедува и се консумира двапати дневно по 10-15 капки во чаша вода.

3. Мајчината душица е антимикробна. Ги уништува штетните организми поради присуството на тимол кој е супстанција што ги уништува сите штетни организми во телото.

4.Се вели дека кој има бозел во дворот, има цела аптека. Нема дел кој не е лековит, од коренот до плодот. Најлековит е цветот. Бозелот содржи 5 пати повеќе витамин Ц отколку лимонот. Ова растение го зголемува имунитетот, го чисти организмот од токсини, лекува секакви проблеми со белите дробови и го зацврстува организмот. Се зема во форма на сируп, сок или чај.

5.Лукот уништува секакви вируси и одлично делува во сузбивање на настинки и тешки вируси. Една главица лук е рамна на инјекција пеницилин. Рецепт: 5 чешниња лук, исечени на половина се прелеваат со 1 литар зовриена вода. Се остава до изладување па потоа цел литар се пие во текот на денот наместо вода.

6. Прополисот е антибиотик кој делува одлично на подигање на имунитетот и уништувањето на сите инфекции и вируси. Се препорачува  приготвен со ракија од 50 степени, бидејки ракијата ги уништува сите штетни тела и го загрева организмот. Тинктурата  од пропилис се зема по 30 капки дневно.

Loading