ТРЕНИРАЈЌИ ЗАД ГОЛ, ГО ПОБЕДИЈА ВАРДАР

Историја

Фудбалска сензација се случи на 26 август 2009 година. Тогаш, во 16-финалето од Купот, на стадионот ,,Гоце Делчев,, новиот второлигаш 11 Октомври со 3-1 (со головите на И. Мирчески, Хаџи-Спиркоски и Вршкоски) го совлада петкратниот државен шампион Вардар. Околу 2000 гледачи не можеа да им поверуваат на сопствените очи: скопските ,,ѕвезди,, толку немоќни, што анонимните прилепчани им ја протнуваа топката меѓу нозете. Гостинскиот тренер Балевски го призна поразот, потоа поднесе оставка, а истото го направи и претседателот Захариев. Очекувано, затоа што загубија од тим кој немаше терен и мораше да тренира само зад гол. Подвиг на тренерот Трајче Илиоски со играчите: Кебакоски, Димитриоски, Кулески, Иваноски, Колчакоски (69. Димески), Хаџи-Спиркоски, Вршкоски, Карески (73. Смоквоски), И. Мирчески (72. Р. Трајкоски), Елезоски, Апостолоски.

Следеше прогрес до сезоната 2011/12 кога 11 Октомври настапи во Првата лига.

Loading