СТИБЕРА ГИ СКАРА ДИРЕКТОРОТ И АРХЕОЛОГОТ ВО МУЗЕЈОТ

Stibera

Неприфаќањето на проектот за финансирање на археолошки истражувања на локалитетот Стибера од Министерството за култура ги скара директорот на Заводот и Музеј Благоја Атанасоски и археологот  во Зав одот Душко Темелкоски. Револтирано Темелкоски го пренесе ставот за неприфаќањето на проектот дури и на ФБ, нагласувајќи дека втора година Музејот нема проекти од археологијата. Тој реагира дека сите музеи добиле пари за археолошки ископувања само прилепскиот имал ,,нула,, односно ич, ниту еден денар.

Dusko Temelkoski

-Пред стручнио колегиум директорот кажа, и секаде кажува дека ќе нема археологија во Музејот додека тој е директор. Претходните години се фрлале премногу пари за копање, па доста било. Дојде живот за него и неколкумина околу него. Ние четворицата археолозите треба да умреме. Нема за нас живот. Ова не е за мене, тука за прилепската археологија која е основачка гранка на музејот во 1955 година. Секако за античкиот бисер, македонската Помпеја, таканаречена од еминентни колеги, архелошкиот локалитет Стибера кај селото Чепигово. Почната да се истражува во 1953 година, непрекинато до пред две години. Во ранг на Стоби, Хераклеја и Скупи, но за жал скоро 100 процентно под земјисше во приватна сопственост.

Кога до пред две години во две кампањи отворивме репрезентативна градба веднаш до храмот на богинката заштитничка на градот, која за среќа е единствено 90 проценти во државен појас и која единствено може да се конзервира покрај одамна веќе конзервираните неколку градби, Министерството им дозволува на директорите да одлучуваат за приоритетни проекти. И градбата стои недоистражена. Затоа што на директорот ете така му се сака. Не му е приоритет археологијата. Знаеме, ние вработените и во министерството, што е приоритет – регира Темелкоски.

Според него, смешно е што за градба која треба да се доотвори, доистражи, се добиени пари за проект за конзервација.

Blagoja Atanasoski

– Со колегата архитект во Музејот договоривме да се изработи проект за конзервација, но откако годинава прво ќе ја доотвориме. Е па тој проект е одборен од тој што одлучува – ,,не знаејќи,, дека не ќе може да се реализира по одлуката да нема ископување на локалитетот. Најлошо е што комисијата во Министерството не го добила проектот за Стибера и уште за еден друг антички град, Алкомена кај селото Бучин, и двата на мое име на увид во редовна процедура во јануари. Кога овие два проекти ги немаше на листите на ,,прифатени,, или ,,одбиени,, реагирав до Министерството. За половина саат ги ,,најдоа,, двете пријави во некоја фиока во канцеларија во Скопје. Замолија да не кревам галама. Ајде нема да кревам галама. Рекоа пуштете писмо, реакција за комисијата дополнително да се изјасни, ветувајќи дека за Стибера мора да се најдат средства и дека е воопшто срамота единствено прилепскиот Музеј да нема археологија. Кога се обратив кај директорот, ми мафна со писмото велејќи, еве го, веќе го пратив. За да ми се јавуваат од комисијата и ми се жалат како да одговорат потврдно кога во писмото стои, заради ,,технички пропуст,, ставете ги овие два проекти во листата на отфрлени. Значи, од Министерството едноставно се извинија и рекоа дека не можат да одат против овогодинешната одлука зборот на директорите да биде одлучувачки и последен. Значи, прво мистериозно се забошотуваат двата проекти, се ставаат во некоја фиока и во јануари комисијата ги нема на увид во редовна процедура во разгледување. А пак писмото, наместо реакција да биде да се направи нешто за добро на Музејот и да се вметни Стибера, оној што одлучува всушност ги осудува двата проекти, едноставно барајќи ,,техничкиот пропуст,, да биде исправен, вметнете ги во отфрлени проекти. Ова го нема ниту во Зимбабве. Стибера е наречена македонска Помпеја заради најголемиот број на сочувани репрезентативни мермерни скулптури на божества и видни граѓани во Македонија. Без нив немаше да го има Лапидариумот – отворениот изложбен простор на камени споменици во Музејот, кој како голем ,,успех,, лани го промовираше директорот со убав перформанс. Археологијата во Прилеп ќе почека некои поубави времиња –  реагира археологот Темелкоски.

Директорот на Музејот Благоја Атанасоски истакнува дека недолично и непрофесионално е да се комуницира преку социјалните мрежи.

-Колегата беше присутен на колегиум кога ја презентирав програмата. Ги немаше неговите проекти и кажав може да се поднесе приговор, што колегата не го стори. Точно е тоа дека Комисијата нé повика на лице место да се разгледаат проектите и да се одлучи за приоритет. Ние најдобро ја знаеме проблематиката, бидејќи со парите сме ограничени. Се работи за три проекти и беше констатирано дека ги нема пријавите. Мислам дека не беше намерно. Веројатно со поштата се случил пропуст. Сé беше пријавено во нашата програма. Кога комисијата нема проекти, не може да расправа и да одобрува средства – објаснува директорот Атанасоски.

Тој посочува дека за Стибера испратиле писмо со барање да добијат информација каде е проектот.

– Сметам дека треба малку да се забави со археологијата, оти се фрлија големи пари. Тоа е став и на други директори. Тоа сепак не е причина да биде изоставена Стибера. Откако сум директор се работело на Стибера. Како директор имам обврска и право кога се работат теренски работи да извршам увид. Но, ова морам да го кажам во интерес на она што вели колегата (колку е професионален и душегрижник за археологијата) одиме со екипа на терен, а таму нема никој. 20 лица тој ден не беа на терен. Си одлучил сам да си оди, на што презедов одредени мерки според законот. Тоа е доказ дека не сум ги кочел проектите за Стибера. И лани не помина Стибера. Од мене, значи според ова, нема ништо тенденциозно. Изјавил дека сум пратил писмо до Комисијата тие проекти да се изземат. Тоа е лудост, чиста, тотална лага – вели директорот Атанасоски на обвинувањата од археологот.

Loading