ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА КРВНИТЕ САДОВИ

krvni-sadovi

Артериите се крвни садови кои пренесуваат густа крв, збогатена со кислород од срцето до сите органи во телото. Една здрава артерија е силна, еластична и флексибилна. Прогресивно затнати артерии е состојба позната како артериосклероза и претставува главна причина за кардиоваскуларни болести, вклучително и срцеви удари, мозочни удари и периферни кардиоваскуларни болести, вклучително и срцеви удари, мозочни удари и периферни кардиоваскуларни болести. Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот. Со оглед на тоа дека не покажува никакви симптоми, многу е тешко да се дијагностицираат. Лекарите обично препишуваат лекови за намалување на холестеролот или бета-блокатори, но постои и природен начин за чистење на артериите.

За тинктура за чистење на крвните садови од наслаги на холестерол се потребни 4 главици лук, 4 средни лимони со кора и 3 литри превриена вода

Лукот се чисти, а лимоните се преливаат со превриена вода. После се тријат со сода бикарбона. Исплакнети се сечат на парчиња. Се мелат на машина за мелење месо. Смесата се става во чиста стаклена тегла од 3 литри и се прелива со топла, превриена вода, до врвот на теглата. Се поклопува и се остава во фрижидер 3 дена. После се процедува и течноста се чува во фрижидер.

Се користи максимална доза од 50 мл. трипати дневно, пред оброк. Чистењето на крвните садови почнува со помали дози (1-2 супени лажици). Ако постои непријатност, дозата полека се зголемува до неопходната. Се консумира 40 дена. Се препорачува чистењето на крвните садови да се спроведува еднаш годишно, по консултација со лекар.

После консумирањето на овој природен лек, се подобрува циркулацијата на крвта и нејзиниот липиден состав, се нормализира крвниот притисок, се подобрува мозочната циркулација и полесно се губат вишокот килограми.

Loading