АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Добриот за сите не е добар за себе.

X

Многу ја сака работата кога гледа како другите работат за него.

X

Кој умее добро да чита, тој умее и добро да зборува.

X

Устата држете ја затворена, како и виното, ако сакате да постигнете квалитет.

X

Зошто секогаш цвеќето кај соседот изгледаат поубаво?

X

Кој верува само во соништа може да го преспие и животот.

“Д Хаџи-Васков

Loading