„TERRA INCOGNITA“ ОД ЗЛАТКО КРСТЕВСКИ ПРЕД СОГРАЃАНИТЕ

,,Terra Incognita,, е тематската изложба од 22 дела од нашиот уметник Златко Крстевски поставена во изложбениот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Уметникот се претставува со слики масло на платно работени во периодот од 1990-2020 година.

Делата се со силна визуелна сугестија каде се испреплетуваат сонот и имагинарното. апстрактното и фигуративното, меѓу чистиот израз и приказната за ,,Terra Incognita,,. Инспириран од средновековното византиско сликарство, користејќи го плаветнилото и окерот како медитерански знак за изразување, авторот ги создал овие дела.

Ументичка преокупација му се и карикатурата, стрипот и сатиричниот цртеж.

Крстевски изложувал и бил наградуван во странство. Учесник е на колонии, застапен е во арт антологии и реализирал бројни перформанси.и

Loading