ПРЕТСТОЈАТ ПРОВЕРКИ

Ракомет

Дванаесетти ден веќе траат подготовките на машкиот ракометен прволигаш Прилеп. Првата фаза на кондициски план е при крај и се ближи периодот кога ќе почне серијата пријателски натпревари. Според тренерот Андријано Котевски, околу 6 или 7 февруари би требало да се одигра првиот меч. За ривали ќе се бараат силни екипи, меѓу нив суперлигашки. Така, преговори има со Радовиш, Тиквеш, Младост Ресен, Пелистер… Планирани се 5-6 пријателски – дома и на гости. Што се однесува до играчкиот кадар, од Кадетската екипа се земени: Вренцоски, Рајатоски и Глигороски. Школата добро работи за развој на талентите. Се врши бесплатен упис на нови членови. Има најава дека стручни лица од клубот ќе ги посетат училиштата низ градот.

И женскиот тим Деспина се подготвува за пролетната етапа, така што се очекуваат барем неколку пријателски мечеви за дотерување на формата.

Loading