АНОТ ОД СТЕВАНАНЏИОВЦИ – КУРБАН ЗА СВОЗ

Stariot an zrtvuvan vo  vezba

Пред педесетина години, многу простор се одделуваше за безбедноста. Покрај војската, државната заштита од “внатершниот и надворешниот” непријател беше доверена на чување и на таканаречената територијална одбрана и на цивилната заштита. Системот често беше ставан на проверка на подготвеноста за интервенции при надворешна агресија, а цивилната заштита се спремаше за борба со елементарни непогоди.

Во една таква контрола на спремноста на системот за цивилна заштита, наречен “Сите во одбрана и заштита” – СВОЗ, властите ги запалија остатоците од анот на Стевананџиовци на местото каде денес е џампинг фонтаната пред Центарот за култура. Единиците за борба со пожари тренираа на распаднатиот ан од стотина квадрати И демонтрираа како би гаснеле во случај на поголема огнена стихија. Го сардисаа објектот со разноразни средства за гаснење и противпожарна заштита и успеаја да не дозволат проширување на пламените јазици. Вежбата на цивилната заштита беше транспарентна, со стотици погледи на љубопитните прилепчани, кои дури и аплаудираа на ефикасноста.  

На местото на интервенцијата останаа само урнатините, кои десетина години подоцна исчезнаа со никнувањето на Центарот за култура.              

Loading