ГОЛОТ „ПОРАСНА“ ЗА ДВА САНТИМЕТРА

Историја

На 18 јуни 2006 година се одигра првиот меч од 1 коло на Интертото купот меѓу Победа и романскиот Фарул Костанца. Четири дена претходно инспекција од УЕФА го посети стадионот ,,Гоце Делчев” и констатираше недостатоци кои беа поправени. Беа поставени 2 громобрана, влезовите и блоковите обележени, седиштата нумерирани. Беше извршена и корекција на едниот гол, така што наместо 242 сантиметра, стана висок 244, според прописите.

Победа изваде само 2-2 со головите на Стојковиќи Танчевски.

Loading