ШЕСТМИНА ПОВРАТНИЦИ

Фудбал

Новиот тренер Дарко Крстески со соработниците десетти ден работи во подготовка на фудбалерите на Победа за пролетниот второлигашки дел. Се користи теренот со вештачка трева и салата од ДТВ ,,Партизан,,. Меѓу првотимците има седуммина нови. Всушност, шестмина се повратници: Котевски, Ефремов, Андреевски, Димитриоски, Илијески – Кисески и Симоноски, додека сосема нов е неготинецот Симјановски од Пелистер. Можно е доведување на уште два – тројца.

Првиот тест е на 5 февруари со Тиквеш во Прилеп.

Loading