„ЦАРИЦАТА РОМАНОВА“ ОД ГОРТНЕР

Викенд книга

-Дури и зад престолот може да владее жена!

Приказна раскажана од мајката на Русија, последната Мајка Царица. Историски автентичен роман за животот на Марија Фјодоровна, еден од најзначајните женски ликови во царска Русија, која е сведок на трагичниот крај на царската лоза на Романови. На, речиси, 19 години, ветриштата на судбината ќе ја однесат Мини во Русија, откако нејзината сестра Аликс станува дел од Англиското кралство, како снаа на Кралицата Викторија. Мини го добива своето православно име Марија Фјодоровна по склучувањето на царскиот брак со еден од Романови. Таа никогаш не заборава која е, но љубовта која ја чувствува кон Русија е речиси идентична со мајчинската љубов.

По смртта на нејзиниот сопруг, нејзиниот син Николај го почнува владеењето, под будното око на неговата сопруга Александра, заслепена од влијанието на Распутин. Незапирливиот бран на болшевичката револуција конечно го става крајот на царското владеење со Русија. Така Марија ќе биде сведок на крајот на царската Русија и ќе се соочи со најопасниот предизвик и со најголемата болка за една мајка, за Мајката Царица.

Приказна за сите предизвици со кои се соочуваат само од Бога избраните да владеат.

Loading