СОЧНО ПЕЧЕЊЕ СО СОДА БИКАРБОНА

Сода бикарбоната е присутна во домаќинството. Познати се нејзините волшебни својства и мноштво начини за примена во кујната, во природната медицина и козметиката.

Но, обичната сода бикарбона е корисна и во приготвувањето на месото. Со неа се готви вкусна и сочна шницла, дури и најтврдото парче месо. Има моќ да ја зголеми вредноста на рН на месото, овозможувајќи задржување на влагата, а структурата на мускулното ткиво ја опушта и станува нежна и ровка.

Да се омекне тврдото месо, потребни се следните чекори. Парчето месо се наросува со сода бикарбона по целата површина. Се остава во фрижидер да отстои 2-3 часа. Пред готвење добро се мие под млаз ладна вода. Потоа се зачинува месото со зачини. Така ќе се топи во уста.

Во зависност од видот на месото, се готви според рецептот. На пример, парчето шницла може да се ,,извалка,, во малку брашно и на загреано масло да се испржи од двете страни колку да фати убава боја, а потоа уште 15 минути да се динста со малку сос.

Loading