КИЛО СИРЕЊЕ ОД 2 ЛИТРИ МЛЕКО

Млекото домашно сирење е повкусно оти, според структурата, наликува на популарната италијанска моцарела. Еве како сами да подготвите домашно сирење, готово за консумирање по само 4 часа.

Потребни се 2 литри пресно млеко, 2 супени лажици сол (или по ваш вкус), 400 гр кисела павлака, 6 јајца и 200 гр кисело млеко

Се тура млекото во тенџерето и се додава солта. За не толку солено сирење, се дова помалку сол. Додека млекото да зоврие, се матат јајцата. Се додава киселата павлка и јајцата во топлото млеко непрекинато мешајќи. Се вари околу 5-6 минути. Треба да забележите како се одделуваат урдата и сурутката. Се поставува големо сито врз тенџерето, се покрива газа, свиткана на 4 слоја и смесата се тура на цедалката. Се остава целосно да се исцеди. Се завиткува прецедената смеса со газа со заврзување на краевите кои висат надолу. Одозгора се потиснува со тежинаод околу 1 кг. По 4 часа, сирењето ќе биде готово. Се остава да отстои во газата уште неколку часа во ладилникот.

Се додава и 200 гр. кисело млеко кога ќе се додаде киселата павлака. Така сирењето ќе добие уште понежна текстура.

Loading