БАРАБАНЏИИ

– Море да не беа ова медиумиве, шо че прајвме. Не че знајвме шо се случува во државава – вели колку да се најде во муабет еден помлад пензионер во светилиштено за драпачки и мајтапења.

– Шо че беше, вол че се отелеши. Во времето од деда и татка да не имаше радиа и телевизи, телевони, морбилни, како и велите оние шо и сакате појчкем од жените – му одговори едно човече колку високо, толку широко.

– Не туку јади трици – се навреди новопечениот пензионер.

– Полека, не ти ја окара мајката, па да се лутиш  Знајш како се велеше во наше време, а? – сакаше ем да го скара, ем да го смири еден од сеирџиите.

– Шо треба да знам – не се прибра новајлијата!

– Е, е, че ја дотерате до кавга, до чотек. Остај го чоекот да кажи – влезе мејџу тројцата стрико Рампо..

– Ти знајш. Не си помал од мене.

– Можи да знам, можи да не знам. Ај кажи де.

– Ако тропа барабанџијата, гласо е од градската управа, ако вика суруџија поткачен на повисоко, аберо е од селското раководство. Така знаеја лујџето од кај иди веста.

– За ваква информација се плајча каве. Не се врајча со ќотек – кажа стрико Рампо.

– Ај, сезнајково нека го допрај муабето. Дотогаш да си седам мирно на газо – се огласи насилникот.

– Кажи, како се инвормираше за сî во наше време?

– Че го викнеа Дуче барабанџијата кај претседатело водбор. Че го седне на сандалија, а претседатело че се наведеше до увото, зошто беше малку наглув и неписмен. От ко че му кажеше шо имало ново да им кажи на грајџаните, Дуче че го земеше барабанчето в раце и че прошеташе низ град. Кажаното го пренесуваше на цел глас. Така беше Рампо, али не?

– Дуче беше салам чоек, дури нам, на децата ни баеше – се огласи стрико Цане.

– Како ви баеше?

– Мрсно баеше. Остај ја та работа. Глеш има и пензионерки. Другпат че ви кажам – се одбрани Цане.

– И во Варош имаше тапанџија и суруџија – се јави еден варошанец.

– Ај кажи кој бе, оти од кај да знајме ние грацкиве – му светна очињата на куртулисаниот?

– А, ти градски, па сé си знајш – не се согласи варошанецот со дебелиот пензионер.

– Ај, не тегни ја, кажи како беше на Варош – го опомена стрико Цане.

– Ако имаше абер од кмето, од црквите и манастирите, на барабан тропаше и низ село шеташе Мице Рокан. А, ако беше за нешто шогоде или инвормација од селаните за стоката, за житото, за орање, жниење или за свадба сред село, че викаше суруџијата.

– Кој беше толку јак на грло, цел Варош да го слушни – не поверуваа многумина.

– Стеван Арапо, че се качеше на кабајна, ко че свикаше, небаре земјотресение или некој арслан од Аврика се има налутено. Најмногу се плашевме, децата. Некое од нас че ги наполнеше гајчите од страв.

– Море и ти да не ги наполни дури кажуваше. Тро ко потклекнат ми си – се огласи градскиот и се кркотеа од смее драпачите!                                     

ДДБ

Loading