ОЗВУЧУВАЊЕ НА СТАДИОНОТ

Историја

Октомври 1987 година беше периодот кога Победа нареди 7 второлигашки триумфи во рамките на Југославија. Уште на самиот почеток од таа серија, по успехот на гости врз ОФК Титоград (0-1), се презедоа мерки за обезбедување на услови на стадионот ,,Гоце Делчев,, како што заслужуваат фудбалерите и гледачите кои ги преполнуваа трибините. За дербито на 10 октомври со фаворитот ОФК Београд (2-1) се постави ново озвучување.  Техниката од ЕИ Ниш беше со сила од 500 вати, а разгласот се пренесуваше преку 20 звучни кутии. Гледачите имаа можност да се информираат за составите на екипите, стрелците, картоните и другите податоци во врска со натпреварот, а да слушнат резултати од останатите второлигашки и прволигашки мечеви.

Најавено беше  реновирање на западната трибина и поставување на семафор.

Loading