КУД „Пере Тошев“ имаше одличен настап на Фестивалот на мешани хорови „Распеана Василица“ во Штип. Фестивалот имаше ревијален карактер со учестуво на хорови од земјата и од Бугарија.
Катерина Попоска, раководител на хорот, вели дека се подготвуваат за нови настапи не само во земјата, туку и за во странство. Имено во мај планиран е настап во Белград, во јули на Илинденски денови во Битола, на ,,Десет дена Крушевска република,, на ,,Охридска староградски средби,, и на фестивалот ,,Музика и Море,, во Грција во септември.
Заложбите се да се понуди подобар квалитет со максимално залагање и посветеност. Надеж постои дека локалната самоуправаќе ги поддржи финансиски за да го претстават градот достојно и во вистинското светло.