ГОДИНАВА КЛУБОТ НА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРЦИ

Зголемени активности

klub na literaturni tvorci

Клубот на литературни творци е формиран во 2011 и брои 25 членови, од различни возрасни категории се финансира од сопствени средства, со симболична членарина од членовите. Од финансиски средства кои ги добива од буџетот на Општината годинава планира зголемени активности.

Новиот претседател Снежана Паноска посочува дека првата активност во февруари ќе биде распишување на конкурс на слободна тема за основните училишта за празникот на жената 8-ми Март. Секоја година учениците учествуваат масовно со лични творби, поттикнати од своите ментори го негуваат убавиот пишан збор. Тие и менторите добиваат награди во книги и благодарници. Според неа младите литературни творци се надежни, идни членови на клубот.

Клубот планира и конкурс за учениците од сите средни училишта од нашиот град за патронот Св. Никола. Планирана е и литературна средба на здруженија на клубови на литературни творци од цела Македонија во Прилеп, на презентација на своите дела на размена на искуства и дела. Предвидени се и промоции на книги на членовите на Клубот, како и реализација на манифестацијата ,,Поетско Маркукуле,,.

Заради недостаток на финансиски средства лани не се издаде планираниот Алманах. Бидејќи од буџетот на Општината им биле доделени дополнителни средства, годинава ќе биде отпечатен Алманахот бр. 2, со литературни творби на сите членови на Клубот. Во Прилепското културно лето, Клубот ќе биде дел од културните случувања. Поетите ќе бидат дел и од Мариовско – мегленските културни средби, на поетски читања и други литературни манифестации во Македонија (Штип – поетска манифестација  Четр’се, Литературни искри во Гостивар, ,Охридски бисер во Охрид, Поетите пеат за Ден Долард – Охрид и др.) .

Loading