ОДЗАТНУВАЊЕ НА НОСОТ ЗА ЕДЕН ДЕН

nosНастинката е најчестата инфекција кај сите возрасни групи. Затнатиот нос е најчестиот иритирачки симптом. Поради тоа не може да се дише убаво и да се спие. Состојбата се влошува од ден на ден.

Симптоми се конгестија на главата и градите, течење на носот и отежнато дишење, болки во грлото, кивање, сува кашлица што може да се јави само ноќе, треска, суви очи и печење во очите, нејасно чувство на болка во целото тело, главоболка и постојан замор. Симптомите на настинка излегуваат кога вирусот ќе влезе во слузницата на дишните патишта во носот или грлото.

Имунолошкиот систем реагира напаѓајќи го поттикнувачот со бели крвни зрнца, кои се нарекуваат неутрофили. Ако организмот може да го препознае вирусот, реакцијата е неспецифична. Организмот произведува колку што е можно повеќе неутрофили и ги упатува на заразените места. Со овој општ напад се уништуваат многу вируси што предизвикуваат настинка. Дополнителните количества неутрофили собрани на местата на инфекција доведуваат до чувство на болка по целото тело и воспаление предизвикано од настинката, надополнето со големи количества слуз во носот и грлото. Симптомите на настинка излегуваат од еден до четири дена по заразата со вирусот. После поминало најлошото, но чувството на затнатост може да трае уште една недела.

Еве еден едноставен лек за перење на носот. Потребнис е половина лажичка сол, половина лажичка сода бикарбона, 7-8 капки јод и една чаша вода. Се мешаат сите состојки додека да се растворат во водата и повеќе пати во денот се вбризгува во носот. Резултатот се чувствува веднаш или најмногу за ден-два.

Loading