ИСЧЕКУВАЊЕ ВО ПОБЕДА

Фудбал

Екипата на Победа, по освоените 11 бода во 14 меча, за 8 второлигашко место (меѓу 10 тима), е на одмор веќе 40 дена. Се очекува негов наследник по разрешувањето на тренерот Тони Мегленски. Клубот е во исчекување по информацијата дека Општината ќе го преземе. Надежите се дека процедурата околу побргу ќе заврши за да може поскоро да се назначи управа, да се избере тренер и да се закаже прв собир.

Нужни се промени и во играчкиот кадар. Потребни се 4-5 засилувања за скок до спасоносното 6 место од табелата. Преодниот рок ќе трае од 15 јануари до 11 февруари.

Напролет преостануваат 13 кола, од кои првото е со Питу Гули во Крушево, на 29 февруари.

Loading