ВРАЌАЊЕ ВО УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА?

Ракомет

Убава идеја има меѓу ракометните работници – оспособување на Универзалната сала за враќање на ракометните натпревари. Таа беше во функција од 1976 година до пред 5-6 години. Оттогаш ретко беше отворена за спорт, со исклучок кога е зимскиот турнир ,,Свети Никола,,. Доколку конечно се реновира и дотера, ќе се оствари желбата да биде како некогаш, објект достапен, близок до градскиот центар, за разлика од периферното ,,Ричко,,.

Додека се случи тоа, ќе се користи алтернативата во ,,Ричко,,. Таму на 20 јануари со тренинзи ќе почне машкиот прволигаш Прилеп, според најавата од тренерот Котевски. Почетокот на подготовките ќе биде благовремен, со оглед на тоа што пролетната сезона е најавена со старт на 29 февруари за куп и на 7 март за првенство. Прилеп, како второпласиран во првата група, има обезбедено учество во плеј-офот, каде од двете прволигашки групи одат по 4 тима. Новоформираната лига од 8 тима ќе стартува од ,,нула,, без пресметани бодови, од каде првакот директно ќе има суперлигашки статус, а вториот оди во бараж-меч. Од прилепскиот клуб немаат амбиции веднаш да се вратат во Супер лигата, туку да ги обучуваат младите во добри првотимци и така до година и тимот и клубот да ,,созреат,, за највисок ранг.

Со подготовки наскоро се очекува да стартува и женскиот тим Деспина.

Loading