КРСТЕВСКИ ВО ЈАПОНСКАТА АНТОЛОГИЈА НА МАНГА УМЕТНОСТ

На 29. меѓународен фестивал кој ја промовира Манга културата, современ стрип и карикатура, во Саитама, во Јапонија, во рамките на Саитама Арт Фестивал 2020, покрај 98 уметници, познати мајстори на Манга културата од Франција, Италија, Чешка, Кина, Украина, Турција, Јапонија, од Македонија учествуваше визуелниот уметник Златко Крстевски. Негови две дела беа публикувани на 128 страничниот албум со биографски референци на англиски и јапонски.

Градот  е дом на Ракутен  Китазава, таткото на модерната Манга уметност, каде се наоѓа и  Музејот. Од Крстевски претходно беше откупено  едно дело од  Музејот во Саитама.

Нашиот стрип автор пред новогодишните празници учествуваше  на  третиот Валевски стрип фестивал. Од пристигнати 103 автори од 13 земји, стриповите на Крстевски беа наградени за општествено ангажиран стрип.

Loading