АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Правдата треба да ги стигне  и оние што делат правда.

x

Проблем е да се стигне навреме во време на невреме.

x

Кога се’ околу себе примаш како слика на пат си да постанеш слика без тон.

x

Додека мислам – постојам!

x

Нема големи луѓе  со мали души.

x

Од мрзеливоста на планетава боледува само – човекот.

x

Со секој потег на човекот се менува светот  како и во шахот.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading