КЛИСА

ivce1Постојат во нашата меморија регистрирани повеќе зборови. Некои ги потприкрива времето и ги позабораваме. Некој неочекуван момент, некој случаен настан може одново да ги врати во сеќавањето. Таков е случајот со зборот ,,клиса,,. Во детските години сме ја играле таа игра што се вика ,,клиса,,. Зборот избегал од сеќавањето. На некоја од телевизиите се емитува квиз преземен од српска ТВ куќа. Интересно. Работите се одвиваат надвор, на отворен простор, на некој плоштад. Квиз како квиз. Прашања и одговори. Поставено беше прашање на кое учесникот не можеше да одговори. Не памтиме точно, но приближно прашањето гласеше вака: ,,Како се вика играта која се игра со стапче долго приближно метар ипол и едно друго дрвце долго околу 25 цм”,, Ете, таа игра се викала (на српски) ,,клис,,. Кај нас во Македонија се вика (се викаше) ,,клиса,,. Се изненадивме дека тој збор не можевме да го најдеме во нашиве речници. Пропуст или можеби на составувачите не им била позната таа игра. Всушност, постоеја две игри, едната едноставно – ,,клиса,, а другата слична, се викаше ,,челик,,. Многу простор е потребен да се објаснува начинот и деталите во тие игри, а голем дел и сме ги подзаборавиле. Ете, накусо, се вдлабува мала дупка во земјата. Врз неа се поставува краткото дрвце, стапчето се држи за едниот крај, а другиот се подметнува под дрвцето, во дупката. Така, со стапчето се отфрла тоа дрвце колку што е можно подалеку. А на спротивната страна стои противникот и има цел со своето стапче, да го погоди, да го начека и да го удри тоа кратко дрвце. Целта е, да стаса тоа колку може поблиску до дупката од каде е исфрлено. Не се сеќаваме како се добиваат одредени поени. Другата клиса, која се викаше ,,челик,, се игра на сличен начин. Не можеме, немаме простор да ги објаснуваме деталите. Чудно е зошто овој збор (клиса) е сосема заборавен. Во селските средини децата мошне често ја играа таа игра. Во градот, можеби и помалку, зашто е потребен поголем чист простор. Се играше обично на некои ледини или прелози. Учествуваат во играта двајца противници. Ако има повеќе деца (играчи) се делат две по две и можат да играат истовремено.

Зборот ,,клиса,, се споменуваше и во една народна песна, хумористична. Одамна не сме ја слушнале и сме ја заборавиле. Се сеќаваме само на некои стихови.

Почнуваше:

Тате море, тате

Неќам да ме жениш

Жена е голема

Таа ќе ме тепа.

Во некое дамнешно време родителите така ги женеа и ги мажеа своите деца. Девојката возрасна (за да може да работи), а момчето мало. Во песната се спомнуваше и градот Кавадарци (,,Па си појде таму, долу Кавадарци,,). Имаше и стихови во кои се објаснуваше дека момчето е сеуште мало и не може да ги извршува брачните обврски. Во еден стих се вели дека уште – ,,Клиса си играе,,. Според мелодијата и според текстот на песната (кој го паметиме вака, парцилајно) претпоставуваме дека песната е карактеристична за оној, кавадаречкиот дел на Мариово.

Ете, овој напис го посветивме на клисата. Сме прашале повеќе луѓе, ретко некој да знае што е тоа. Младиве пак, не слушнале. Челикот и ако и тој е еден вид клиса, како да е повеќе познат. Мнозина, повозрасни велат дека знаат каква е таа игра. Рековме дека е слична на другата, само што она малото дрвце што се става врз дупката е пресечено во вид на локумче. Кога ќе го удриш со стапчето на едниот крај, скока високо во воздух.

Го ,,воскреснавме,, зборот КЛИСА. А се играше и ,,долга магарица,,, и ,,бишка,, и ,,аулец баулец,, и ,,мижи татара,, и ,,џандари ајдуци,, и којзнае уште колку други. Компјутеризацијата избриша се. Меморијата се мачи да ги зачува. Штета! Убаво е да се знаат                                                                                                                                                       

Loading