ИЗЛОЖБА НА ИЗДАНИЈАТА ВО ДНУ ПРИЛЕП

Изложба на книги, монографии  и зборници е поставена во Друштвото за наука и уметност. Претставена е издавачката дејност со 120 стручно научни и научни книги од 50 автори и 22 броеви од периодичната публикација на друштвото. Се работи за Зборник на научни трудови на членовите на ДНУ.  Во списанието на трудови досега се публикувани над 600 научни и стручни трудови.

-Посебно место во издавачката дејност заземаат книгите од стручни и научни собири низ годините. Позначајно издание е монографијата за Прилеп  ,,Милениумско пулсирање 1014 2014,,. ДНУ располага и со докторски и магистерски трудови кои се планира да станат електронски достапни преку страница – посочи Тодор Алексоски, потпретседател.

Со над 200 членови ДНУ постои од 1971 година. Библиотеката располага со над 2500 наслови.

Loading