ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „ДЕДО И ВНУК“

Емотивната приказна со длабока порака, филмот „Дедо и внук“ премиерно ќе биде прикажан вечерва од 19 часот во киното Мис Стон. Влезниците се 100 денари. Репризатае утревечер /сабота/ од 19 часот.

Илија Пиперкоски, кој е автор на сценариото, раскажа приказна, со која гледачите длабоко ќе се препознаат. Тоа се проблемите со здравството, политиката, корупцијата, односите момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Грешките од младоста често отворат големи дупки во животот.

Покрај Салаетин Билал, во филмот играат и Дејан Лилиќ, нашата актерка Даниела Иваноска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други.

Loading