ШАМПИОН БЕЗ ДУША

Историја

Највисоката победа од 50-0 ја постигна Кометал во Скопје над Тутунски, во 1994 година. Првото полувреме беше 26-0. И тогаш се виде дека домашните се решени да одат на рекорд. Резултатот не наиде на одобрување. Новинарот Миле Талески напиша коментар: ,,Дали повеќе да се срами поразениот или победникот? Домашниот интернационален и професионален состав требаше да им дозволи на гостинските мали девојчиња да постигнат барем почесен гол. Гигантот Кометал немаше противник и зарем требаше да запне со сите сили како да се бори за титулата светски шампион? Шампионот без душа, не е ,,Шампион!,,.

Во Тутунски бојкотираше првата екипа и настапи со почетнички.

Loading