СПРОТИВСТАВЕНИ СТРАНИ: МЕГЛЕНСКИ – УПРАВА

Фудбал

Прво Управата на Победа АД се јави со известување: во кое се вели дека по разгледувањето на резултатите во есенскиот дел (8 место меѓу 10 тима), очигледно беше незадоволството и едногласно е одлучено од сите членови на УО тренерот Тони Мегленски да биде разрешен. За пополнување на функцијата јавноста ќе биде благовремено известена.

Тони Мегленски изјави дека УО не гое известла за одлуката, но не е изненаден.

-Не знам кои се членови на УО, бидејќи никој не дошол на натпревар. Моето заминување е најмал проблем. Пред два месеца се повлеков, но на инсистирање на играчите ја довршив полусезоната… Што се однесува до играчкиот кадар, убеден сум дека резултатот е максимум. Клуб сме кој нема опрема, на гости патува без доктор и физиотерапевт и многу работи недостасуваат – вели Мегленски.

Општински клуб?

Најверојатно нема да се остварат шпекулациите за преземање на Победа од приватна компанија. Според нашите информации, клубот натаму ќе бил под ,,капата,, на Општината. Се очекува и официјално да се разрешат сите овие неизвесности.

Loading