ПРИЛЕП ПРОТИВ ВАРДАР

Ракомет

Машкиот состав на Прилеп стигна до 10 прволигашка победа есенва. Во Скопје, Риниа беше совладана со 32-42. Во гостинскиот тим, покрај одбраната се истакна нападот. Стрелци: Попов 10, С. Трајковски 9, Пајкоски 7, Дукоски и Бикоски по 5, Јанески 4, Христоски и Конески по 1.

На ред е мечот дома, во салата ,,Ричко,, (сабота, 19 часот) против Вардар од Неготино. Прилеп на првиот меч со истиот ривал победи во Неготино. Сега само треба да потврди дека е подобар и еден од кандидатите за влез во Супер лигата.

Со овој меч завршува есенскиот дел. Потоа се игра плеј-оф каде се 4 тима од ова група и 4 од другата прволигашка група. Од осумте, првата оди во погорен ранг, втората во бараж.

Табела: Астраион 31, Прилеп 30, Јуниор КВ и Вардар 25, Куманово 22, Македонија ЃП 19, Алушовски 6, Риниа 5, Текстилец 2.

Loading