„ПЛЕТВАР – ДЕСЕТТЕ ГОДИНИ ПО ВОЈНАТА 1945 -1955“ ОД БЛАГОЈА СПИРКОСКИ

Нова книга

Бел ден виде книгата „Плетвар – десетте години по војната 1945 – 1955“ од пензионерот Благоја Спиркоски. Се пренесуваат чувствувата за родното село Плетвар. Авторот раскажува што се случувало во првите години по Втората светска војна.

-Необјаснива е поврзаноста кон Плетвар, мојот прв дом, мојот двор, гумното, реката, чешмата, ливадите под селото, Домот, библиотеката… Човек може да живее на друго место, но секогаш му недостасува родната грутка – вели Спиркоски.

Книгата ја промовираше Тачко Локвенец.

Благоја Спиркоски бил учител и наставник, советник за предучилишно образование и одделенска настава и директор на детските градинки.

Loading