ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА МОЗОЧЕН УДАР

На одреден број мозочни удари им претходат ,,предупредувачки знаци,, – минливи симптоми кои одговараат на симптомите од мозочен удар, но траат пократко и целосно се повлекуваат за кусо време. Затоа речиси никој не им обраќа внимание, бидејќи најчесто траат помалку од 24 часа, а се нарекуваат транзиторни исхемички атаки – ТИА.

Секогаш организмот суптилно не предупредува, а некогаш ни испраќа и физички, препознатливи знаци за предупредување. Важно е навремено да се идентификуваат предупредувањата за мозочен удар и да се добие медицинска помош најрано што може, за да се намали ризикот од сериозни оштетувања на мозокот. Тоа помага да се намали ризикот од смрт или инвалидитет и да се подобрат шансите за преживување и закрепнување.

Знаците и симптомите може да варираат од едно до друго лице, во зависност од видот на мозочниот удар, делот на мозкот кој е погоден и обемот на оштетувањето. Но, сите тие имаат тенденција да се јават ненадејно.

Најчести симптоми на мозочен удар се чувство на трпнење во некој дел од лицето, рацете или нозете, особено ако е зафатена едната страна на лицето. Се јавува чувство како да нема циркулација, како да е одземен екстремитетот, дел од него или целиот. Потоа, одеднаш губење на концентрација и расеаност. Немоќ да се продолжи реченицата, пермутација во говорот, грешки при зборувањето и имињата. Се случуваат нарушувања во говорот, отежнато и неразбирливо изговарање на зборови или целосна немоќ да се изговорат зборовите или цели реченици, неразбирање на говорот кај соговорникот. Симптом е и наглото замаглување или губиток на видот, особено на едното око или на половина од видното поле, па нагла долга главоболка, повраќање без јасна причина, вртоглавица, несигурност во одењето, ненадејни паѓања и губења на свеста без видливи причини.

Ако препознаете некој од претходно наведените симптоми, веднаш јавете се на лекар.

Loading