УРОВ ПРОТИВ МАСНОТИИ ВО КРВТА

urov

Уровот е мешункасто растение кое се користи како сточна храна. Многу е корисно и за луѓето, оти изобилува со калиум, калциум, магнезиум, а од витамини содржи витамин Е, А и Д.

Се препорачува за луѓе со ослабната мускулатура или болки во рбетот, грбот и вратот. Во комбинација со печен рж ги намалува маснотиите во крвта. Може да помогне при хемороиди, за подобрување на имунитетот и за јакнење на срцевиот мускул.

За да се добие битката со маснотиите потребни се 200 г. печен уров и

200 г. печен рж. Во сува тава се пропржуваат семињата.Откако ќе изладат се мелат до прашина. Мешавината се складира во тегла. Една супена лажица од мешавината се натопува одвечер во чаша вода, а наутро на празен стомак се пие. Напитокот се пие незасладен на гладно 10 дена секое утро. Содржината го јакне срцевиот мускул и ја поттикнува менталната и физичката активност на целиот организам.

Loading