Во шумата од разни вистини тешко може да се дојде до вистинската вистина.
x
Да не беше загаден воздухот некој ќе се обидеше да наплатува за дишење.
x
На колата турната удолу фешта не се прави.
x
Го фрлија сидрото пред да ни го препуштат бродот да запловиме.
x
Кога тепсијата е испразнета откако и изедена баклавата редно е да се знае кој се нагостил!
x
Не се откажувај од пријателите, во прв ред од – книгата.
x
Кога за ништо не се умее да се каже “не” како тогаш ќе се опстане?
“Д-р Хаџи-Васков”