ТУРНИР 1976

Историја

Повеќе сезони ракометни натпревари се одигруваа на асфалтни игралишта низ Прилеп, од кои последното беше кај Вишата економска школа. Така, на 28 и 29 февруари 1976 година, се одржа ракометен турнир низ учество на Пелагонија (Битола), Електромонтажа (Охрид), Струга и домаќинот Тутунски комбинат (Прилеп). Првиот ден Пелагонија ја совлада Електромонтажа, а Тутунски беше подобар од Струга. Во финалето Пелагонија со 22-19 го совлада Тутунски. Финалистите на овој начин се подготвуваа за пролетниот дел од Втората југословенска лига.

Имаше над 1000 гледачи.

Loading