ГРОБНИЦАТА КАЈ СТАРО БОНЧЕ НАЈУБАВ АНТИЧКИ ОБЈЕКТ ВО МАКЕДОНИЈА

Iastrazuvanja kaj Staro Bonce

Завршуваат годинашните археолошки истражувања на Кралската гробница на локалитетот Павла чука кај селото Подмол, од комплексот на археолошките наоѓалишта кај Старо Бонче. Се ископуваше вајаната рампа пред влезот во дромосот на гробницата. Се докомплетираат податоците за импозантната гробница, која е меѓу најубавите објекти од антиката во Македонија меѓу 4 и 3 век п.н.е. Истражувањата со прекини се од 2007 година.

-Откриени се десетина доцноантички гробови со исклучително вредни наоди од сребро, бронза и керамика. Значајни се двете монети кои го потврдуваат времето на погребување во нив во 4 и 5 век. Се евидентираа уште три гроба од овој период. Значајни наоди се и гробовите во северозападното подножје на тумулот – вели археолгот Душко Темелкоски од Завод и Музеј.

Кај локалитетот Старо Бонче, со рекогносцирање се откриени мошне вредни наоди од раноантичкиот период, сребрена алка со завршетоци во вид на змиски глави, фибула – копча од малоазиски тип, сребрена конусна обетка, како и две прекрасно сочувани бронзени монети од Александар Трети Македонски.

Проектот се реализира преку Институтот за археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, во соработка со НУ Завод и Музеј Прилеп. Раководители на археолошките истражувања се проф.др. Антонио Јакимовски и Душко Темелкоски.

Loading