КАДИЦА И БУЧИН ЛИДЕРИ

Општинска

Во Квалитетната општинска лига по 12 кола лидер е Кадица со 32 бода, колку што има и Јунајтед. Трета е Слога со 25 бода. Во Општинската Б лига најдобар тим е Бучин со 26 бода, пред Ларин со 25. Екипата на Ларин од Небрегово иако има голман – ветеран, 48-годишниот Диме Христоски – Дујо, прими само 10 гола на 11 меча.

-Можевме подобро во одбраната, бидејќи 2 гола беа автоголови. Напролет одиме кон првото место – изјави Христоски.

Loading