ПОБЕДА МОРА ДА ДОВЕДЕ 4-5 ИГРАЧИ

Фудбал: Втора лига – Исток

Предуслов е организација на повисоко ниво

Pobeda

Заврши полусезоната во Втората фудбалска лига – Исток, каде  Победа на крајот придодаде три бода преку триумф од 5-1 врз Осогово. Убаво е кога крајот делото го краси, но доколку се погледне табелата, впечатокот е лош. Осмото место меѓу 10 тима не прилега за големиот бренд. Само 3 победи, 2 нерешени и дури 9 порази. Ова најавува тешка пролетна борба за опстанок, бидејќи мора да се достигне 6-то место од табелата.

 -Жално што изгубивме 7-8 бода, поради неискуство. Несреќно примивме голови во завршницата. Така со Тиквеш, со Кит-Го, Плачковица… Имавме неколкумина отстрана, двајца најискусни Гешоски и Дамевски кој пред неколку кола се повреди. Младите добија шанса низ настапи да растат во добри фудбалери – вели Тони Мегленски, тренер на Победа.

Како до 6-то место? Колку бодови ќе мора да се освојат напролет. Ако погледнеме во минатото, шестопласираните во второлигашката конкуренција освојувале од 28 до 32 бода. Ако тоа е репер, тогаш на Победа ќе и требаат меѓу 17 и 21 бод. Во актуелново првенство Саса е на тоа место, со 20 бода, девет повеќе од Победа. Не е мала разликата, но остануваат уште 13 кола.

  -Ништо не е неможно, оти Победа со секого може да се надигрува и да победи. Есента ја завршивме со реми во Радовиш и со победа во Прилеп. Серијата напролет може да продолжи на гостувањето во Крушево, потоа дома да ја пречекаме Брегалница. Шанса има.

Пролетта мора да биде многу подобра од есента. Можеби за расположение ќе придонесе теренот од Градскиот стадион, кој се чека повеќе години. Се посакува клубот да се подигне организациски, да им овозможи на играчите и тренерите подобри услови. 

-Есенските проблем да не се повторат. Посакувам совреме да се доведат барем 4-5 засилувања во секоја линија. Ако биде сé во ред, првиот собир би бил околу 15 јануари – најавува Мегленски.

Табела: Беласица 34, Беласица 31, Пехчево 30, Тиквеш 27, Кожуф 26, Саса 20, Плачковица 12, Победа 11, Осогово 6, Питу Гули 3.

Деспина трета

Дербито во Женската лига Деспина – Саса (1-2) го одлучи гостинскиот гол во 88 минута. Претходно имаше спорен момент – недосуден пенал за домашните кои 66 минути беа со фудбалерка помалку поради црвен картон. Последниот есенски меч Деспина гостува на последната Плачковица во Радовиш. Со трите бода се зацврстува на 3 место.

Loading