ЈАВЕ ЗА НОВА КНИГА ОД ГАБРИЕЛА СТОЈАНОСКА СТАНОЕСКА

Беше претставена новата книга ,,Кусиот расказ и сонот,, компаративни паралели низ призмата на неколку критички методи од Габриела Стојаноска Станоеска. Промотори беа Сузана Ѓорѓиевска, Добрила Грашеска и Цеца Видова-Трајческа, а извадоци читаше Лидија Митоска-Ѓорѓиевска.

Во студијата ,,Кусиот расказ и сонот,, предмет на интерес е релацијата кус расказ-сон застапена во одбрани раскази на Влада Урошевиќ, Катица Ќулавкова, Тања Урошевиќ, Јадранка Владова, Ѓорѓи Крстевски и Хорхе Луис Борхес. Расказите се толкуваат од аспект на избран критички метод. Станува збор за книжевно-критички експтеримент кој, за разлика од природонаучните експерименти, не води кон добивање на егзактна вистина како краен резултат, туку, како и сите експерименти во хуманистичките науки, кон повеќе толкувања како крајна цел.

Loading