ПРЕМИЕРА НА „БАБА БЕГАЛКА“

Во Сиднеј

baba begalka 5

 

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со австралискиот хор Georges River Voices успешно ја постави двојазичната музичка комедија Баба бегалка од драматургот Душан Ристевски. Режијата беше на Ристевски и на Лара Мабеи. Аражманот на хорските песни беше на Мари Ле Брун.

Македонската и австралјанската публика виде квалитетна двојазична продукција на драма проследена со традиционални македонски песни во хорска изведба. На сцената се одигра сплет на добра орска кореографија. Преку комичните сцени, авторот успеа да насмее и да пренесе некои важни пораки од животот на луѓето во одминатите години и другите генерации.

Според австралиските медиуми, публиката следела грандиозна изведба на 24 уметници, кои играле страстно, наоружани со врвни актерски и хорски способности. Драмата со оригинална музичко театарска изведба експлоатира аспектите на животот во старски дом и љубовта во одминати години.

Поовеќето од улогите ги толкуваа Македонци, а некои ролји беа изведувани од Австралијанци, заедно со хорските изведби. Комбинацијата умешно се вклопи со изведбите на Јовано Јованке, Македонско девојче, Не се бели Маре мори. Публиката се воодушеви, оти изведбата беше и од Австралјанци кои покажаа дека она што е убаво треба да се негува.

Претставата беше водена од режисерката и актерите Лара Мабеи, Јаворка Котевска, Никола Апостоловски и на помладите Антонио Нешковски и Стефани Тодоровски како и на дебитантите Рубин Нешковски и Елена Домазетовска.

Премиерата со присутво на почести еден советник со македонско потекло од локалната власт на Сиднеј.

Loading