ПРЕМИЕРА НА „ПРИКАЗНИ ЗА ВЕТРОТ И МЕСЕЧИНАТА“

Pretstava Prikazni za vetrot i   mesecinata

Во театарот на 8 декември од 12 часот премиерно ќе се одигра претставата за деца ,,Приказни за ветрот и месечината,, според басните на Езоп, Лафонтен, Цепенков… Режисер е Кирил Петрески.

– Басната е една од најстарите литературни родови кои ја сакаат  децата, младите, но и возрасните. Во басната се наоѓа чудесната метафора на детството, кога во свежата и бујна детска фантазија се создаваат поимите и сликите за вечните вистини. Во нив ги има поуките за животот, односите со другите луѓе, но не само со луѓето, туку и со сите суштества и со природата. Животните се јунаци. Преку нив се покажуваат човечките карактери, лукавството, зависта, алчноста, мудроста и наивноста, доброто и злото, правдата и неправдата, силата и немоќта. Сето тоа е претставено метафорично, алегорично и сликовито. Како што рекол Лафонтен: ,,Се зборува во вселената,,. а во една своја строфа вели: ,,Јас направив да зборува волкот, а на волкот да му одговара јагнето и отидов подалеку: дрвјата и растенијата кај мене станаа суштества што зборуваат,,. Во претставата ќе бидат сместени басните на творецот или ,,таткото на басната,, Езоп, потоа Лафонтен, но и на нашиот Марко Цепенков кој во своите записи од македонското народно творештво има сместено ,,мали приказни за животни,, како што тој ги нарекува – вели режисерот Петрески.

Играат Наташа Ачански, Александар Тодески, Јасмина Мицовска – Станкоска, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Михајло Миленкоски и младата Надица Ѓорѓијоска.

Сценографијата и костимите се на Александар Џинго, музиката е на Томе Темелкоски.

Loading