СЛАБЕЕЊЕ И ТОПЕЊЕ НА МАСТИ

slabeenjeДома се прави природен лек против зголемени масти во крвта и покачени триглицериди. Тој го чисти организмот, помага за слабеење и го регенерира црниот дроб. Влијае на раст на имунитетот. Тој е заштита од разни вируси.

Напитокот е ефикасен. Може да се пијат две дози. Нема штета. Пожелно е да се подготви пред почетокот на зимата за прочистување од холестерол и за јакнење на организмот пред сезонските настинки.

Потребни се 1 литар вода, 1 кг. измиен лимон со кора и 30 поголеми чешниња лук. Лимонот се става во вода со кесичка сода бикарбона. Стои неколку часа. Потоа добро се мие под млаз ладна вода. Се сечка на помали парчиња и се меле во блендер. Во зовриена вода се додава ситно исечканиот лимон заедно со кората и со исечканиот лук. По половина минута вриење се вади од огнот и се остава на топлата рингла уште 5 минути. Потоа се трга од ринглата, се поклопува и се остава да се излади со повремено мешање со дрвена лажица. Изладената маса се процедува. Смесата во цедалката добро се истискува да излезе целиот сок. Напитокот се складира во стаклени шишиња и се чува во фрижидер. Се консумира наутро и навечер по една ракиена чаша.

Може да се прави и без варење од 1 кг. лимон, 1 кг. лук и 1 кг. мед.

Loading