КРОМИД ВО ДОМАЌИНСТВОТО

Само 3 отсто од домаќинките знаат дека кромидот е корисен во секојдневните домашни задачи. Повеќето од луѓе користат хемиски средства за разни активности, кои најчесто се штетни и лошо влијаат врз целокупното здравје. Затоа, колку што е можно, хемикалиите треба да се заменат со некои природни состојки.

Така, црвениот кромид ги белее темните дамки од кожата. Помога и во чистењето на некои тврдокорни дамки од облеката или кујнските крпи. Се сече парче кромид и се трие на дамките. Се остава неколку минути да делува, па потоа се пере. Ако се користи за кожа, се трие добро врз дамките и се остава да делува 15 минути. Потоа се плакне. Постапката се повторува двапати дневно. Благодарение на сулфурните соединенија кои се антисептик и со киселините, кромидот може да биде пилинг за кожата.

Има антиоксидантна, антивоспалителна, антибактериска, антигабична моќ. Треба почесто да се консумира.

Може да се исцеди. Сокот се меша со мед и се пие за чистење на организмот. Делува и антивоспалително и антиканцерогено.

Оние кои не го сакаат мирисот, да се навикнат и да го користат во исхраната, оти е многу здрав и помога за нега на кожата и во домаќинството.

Loading