КОМПИРИ НА КРАЛСКИ НАЧИН

kompiri1

Потребни се 1 кг. компири, 400 гр. месо пилешко или свинско, половина главица кромид, 300-400 гр. кашкавал или сирење, може и од двете, мајонез,  сенф, масло за готвење и сол.

Се сече месото на парчиња, се поставува фолија врз него и нежно се  обликува со кујнско чеканче. Се зачинува месото со мајонез или со сенф и се става во сад. Се затвора садот одгоре со фолија и се става месото во ладилник на 1-2 часа, да се маринира. Тоа ќе го направи многу посочно и меко. Откако ќе мине времето, 1 кг. компири се сечкаат на парчиња, После и кромидот. На сето се ренда околу 200 гр. кашкавал. Се премачкува садот со масло за готвење. Се ставаат дел од компирите и се солат по вкус. Одгоре се додава месото, кое веќе е добро маринирано. Врз месото се става кромидот и останатиот дел од компирите. Најгоре се става изренданиот кашкавал. Се додава и малку мајонез и се пече во рерната околу 1 час на 180-200 степени.

kompiri2

Loading