„ПОЕМИ“ ОД СОЊА ДИМОВСКА

Изложба

Тематската изложба „Поеми“ (графики на платно) од Соња Димовска ќе биде отворена денеска во 13 часот во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Димовска го ставе тематски, фокусот на специфични флорални видови – сукуленти и кактуси, одгледувани дома и кои се графички исклучително податни за ликовна интерпретација со својот облик и форма. Авторката ја избегнала стапицата на ригорозна ботаничка фактографија, иако формите и облиците на растенијата се третирани реалистично.

– Композициски, графиките се крајно симплифицирани и минималистички, сведени на суштината, согласно источната зен мисла. Белината на платното игра клучна улога. Таа е практично носечкиот елемент во приказната, соларна контемплативна белина којашто го трансцедентира апсолутот – вели Атанас Т. Ботев.

Димовска дипломирала на ФЛУ каде и магистрирала. Член е на ДЛУМ од 2000 година. Имала повеќе од 70 интернационални графички изложби во земјата и странство.

Loading