МАКА ОД ПАРЕАТА ОД ГОСТИЛНИЦАТА

Пошол Пејо една сабота на пазар во Прилеп со своите Мариовци и излегол в чаршија да ја разгледа. Во една гостилница вриеле во тенџерињата разни манџи. Му потекле слинки од миризбата. Ама немал пари. Извадил од торбата едно парче леб и отишол кај тенџерињата. Почнал да го топи лебецот на пареата. Така омекнат почнал да грицка. Таман сакал да се истави, гостилничарота му свикал.

– Побратиме, камо пари што го натопли лебот?

Пејо се зачудил што му побарал пари кога не сркнал ни една лажица од манџата. Гостилничарот истрчал надвор и го грабнал Пеја да го тресе и да му бара да плати за пареата. Пејо докажувал дека нема што да плаќа.

– Ќе платиш како попче што го натопли лебот. Ако не беше огнот под тенџерињата, немаше пареа. За огнот се потребни дрва, за кои сум дал пари. Затоа ќе платиш или ќе ти удрам десет стапови.

Видел Пејо дека на правина ќе јаде ќотек и ја погледна својата сенка од сонцето.

– Добро де, земи го стапот и удри ме!.

Гостилничарот сакал да го налегне да му ги удри 10 стапови, но Пејо го фатил за раце и му вели.

– Удри, ако сакаш и сто стапа, по мојата сенка, зашто ако не сум овде и неа нема да ја има.

Околу сите слатко се насмеале и го пофалиле Пеја. Гостилничарот го викнал и го навечерал од најслатките манџи поради мудрата одбрана.

Дошол другпат Пејо кај гостилничарот и порачал еден ваган манџа. Се наручал и гостилничарот му побарал пари за манџата.

– Некни ме измами и не плати што  го натопли лебот на пареата, ама сега не можеш да мрткаш. Давај го грошот ваму.

Пејо наеднаш се присетил на некаква досетка и го извади грошот. Но наместо да му го тури во раката на гостилничарот, го удрил силно од масата и веднаш го зел назад и го ставил в џеб велејќи:

– Мене грошот, а ти земи си го звукот.

Кога гостилничарот протестирал што не плаќал, Пејо го потсетил за пареата.

– Да не беше мојот грош, немаше да има и звук.

И пак измрдал од плаќањето.

Loading