БРИЛИЈАНТНА ИГРА СО КУМАНОВО

Ракомет

Екипата на Прилеп е се подобра, од меч во меч. Можеби најдобрата есенска партија ја прикажа на дербито дома со Куманово, совладано со 36-30. Домашните издржаа несекојдневно груба игра на кумановците, а притоа со изведба на атрактивни акции ја задоволија публиката. Стрелец на 12 гола Пајкоски, а 9 даде Бикоски. Денеска е гостувањето на лидерот Астраион во Струмица, а в недела на Јуниор КВ во Скопје.

Женската екипа Деспина на 30 ноември дома игра со Чаир.

Loading