СЛУЧАЈ „БОРСАЛИНО“

Историја

Пролетта 1966 година тренерот на Победа, Никола Радовиќ, добива несекојдневна казна од Сојузот на тренерите на Југославија. Со намаление од 5 насто од платата е казнет затоа што на серија првенствени натпревари бил во ,,фудбалска екстаза,, и кога неговиот тим победувал, тој головите ги прославувал на непристоен начин. На воодоошевување од публиката, тој ги фрлал сакото и шеширот. Поради марката на шеширот, случајот е наречен ,,Борсалино,,.

На Радовиќ не му паднало толку тешко што има помала плата, туку тоа што мора да го скроти својот црногорски темперамент.

Loading