СКУЛПТУРИ НА ЕМИЛ СОЛЕСКИ ВО КУМАНОВО

Ornamentite na Soleski vo   Kumanovo

Изложбата на десеттина скулптури во мермер насловена ,,Музички орнаменти,, од нашиот скулптор Емил Солески се постави во Куманово.

-Солески упорно го бара звукот на каменот во постојани напори да се одгатне моментот на соочувањето на величината на нескршливоста на каменот и неговиот опстој во времето и просторот. Солески се претставува со нова димензија, спој на музиката и каменот, спој на звукот и нескршливоста, преточени во форми кои наликуваат на музички инструменти, а од кои во потсвеста ѕуни екот на каменот и пренесува пораки од дамнини. Препознатлив е начинот на совршено мазни линии во скулптурата слеани во размислите на раѓањето, на звукот и неговото брановидно пренесување низ просторот и времето – вели Никола Јованоски за делата на Солески.

Авторот е дипломец на ФЛУ во Скопје. Имал неколку самостојни и повеќе групни претставувања во земјава. Бистите на неколку народни херои во Могилата на непобедените, како и на скулптурите на Пере Тошев и Пеце Атанасоски се негови дела.

Loading