САМОВИЛСКА РУБА

Имаше еден човек, кога се роди, нему му задумаја наречниците жена. Една му вика: ,,Оваја ќе биди! Друга вели: ,Онаја ќе биди!”. Последната рекла: ,,Ајде, ќе му наречиме и ќе му дајме од нашите девојки, едно самовилско чупе, нека ја земи самовилската пауница!”.

Како последната нарекла, тако ќе му биди!

Кога детето нарасна маж, не можеше да се ожени. Бараше жена во неговото село, ами не ја најде. И тргна во еден град да најде невеста. Одил, поодил. На еден мос најде еден дедо. Дедото врзал една ќесија со пари и му вика:

,,Кој ќе ја земи, пишман ќе биди, и кој не ќе земи, па пишман ќе биди,,.

Овој човек ја чул думата и:

,,Пишман – непишман, ќе земам!”.

Човеко ги зеде парите, а дедо му рече:

,,Синко, да купиш една крава, да ја заколиш, да ја одериш, да се пикнеш во кожата од кравата. Ќе дојдат три орли, ќе те дигнат и ќе те занесат на некоје место – тоа ти је тебе стреќата,,.

Човеко тако изработи. Дошле три орли, го кренаја и го занесоа на една голема стена. Го зеде ножо, ја пресече кожата и излезе. Се рашета по стената. Виде една дупка право удолу со мраморни камени скали. Он слезе и отидна во Долнијо свет!. Најде тамо една баба. Таја варила три казани чорба за самовилите. И баба го пита оној:

,,Како дојде ти, синко?,,.

И он ји кажа както што је било.

,,Јаз”, рече, ,,ќе одам на вода и да не пипниш во ковчезите!”.

Не го трајаше кожа, човеко отвори еден ковчег и виде внатре једна чупа, убава, та не може поќе. Бабата си дошла назад.

,,Синко”, рече, ,,да ручаш, ќе ти дам, и да ји земиш чупата, и да си одиш со вашијо свет,,. ,,Таја ти е наречена, да ти биди жена, самовилска пауница да имаш,,.

Човеко ја пита бабата:

,,Ами, како ќе излезим на оној свет?”.

,,Имам”, рече, ,,еден стари орел што располага во немечко, Ќе го викниме, ќе му се ватите за по една нога и ќе ве симни на вашијо свет. А ти, синко, на оваја жена самовилската руба само заклучена ќе ја држиш во ковчеже, да не ја даваш, да не ти избега”.

Стари орел ји кажил од Долнијо во Горнијо свет. Човеко, ко излегол на Горнијо, ојшол дома со невеста, самовила. Се чудиле селаните од незнајната убавина, кај што нем поќе! Човеко направил голема свадба. И си живејале убо.

На трите години невестата, самовила, родила машко дете. И тога пејале на крштењето, пејале и играле. Жена му се молеше на мажа си:

,,Дај ми ја мојата самовилска промена, едно оро да изиграм!”.

Нункото привика:

,,Дај ји ја!”.

Како човеко даде, се излага! Што си тури на себе самовилска руба, таја си заврте на лево, на десно, ја сврте кујчата од темел опако и му избега во облаците!.

Loading